Руските сили го гранатираа пазарот во Харков

1 min read

Руските сили го гранатираа големиот пазар Барабашов во Харков, предизвикувајќи серија пожари, соопштија локалните власти.

Снимките покажуваат огромни облаци од црн чад што се издигнуваат од неколку делови на пазарот, што укажува на тоа дека комплексот претрпел повеќекратни удари.

– Во гаснење на пожарот учествувале 70 лица, кој се проширил во околните куќи. Едно лице вклучено во гаснењето на пожарот загина, изјави градоначалникот на Харков.

Пазарот, кој се смета за еден од најголемите во светот, се простира на површина од 300.000 квадратни метри, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

kurir.mk

Претходно

Груби откри дека платата му е 70.000 денари: Во животот не сум работел за помалку пари

Следно

ВИДЕО: Приврзаниците на Борисов се собраа на протест пред неговиот дом

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian