Ранѓеловиќ: Евроскептицизмот во Македонија добива легитимитет

1 min read

Најголемата опасност од статус кво во поглед на евроинтеграциите на Македонија е растот на антагонизмот на јавноста кон Европската унија, предупредува политикологот Иво Ранѓеловиќ, запрашан за коментар по одбивањето на ЕУ да ги стави земјите од Западен Балкан на „брза лента“ на патот кон Унијата заради безбедносниот ризик за цела Европа по руската инвазија на Украина.

Евроскептицизмот полека, но сигурно добива на легитимитет. Граѓаните оправдано се поистоветуваат со судбината на Украина во поглед на евроинтеграциите, бидејќи повеќе не постои кредибилен противаргумент. Бугарија талка во својот поход да го оправда ветото кое и натаму стои беспредметно, но официјален Брисел не смее да изгуби ниту една минута во толерирање на Софија – вели Ранѓеловиќ за „Слободен печат“.

Сличноста на рускиот наратив кон Украина со бугарскиот наратив кон Македонија е факт и може да се издвои теоретска паралела, додава тој.

Во основата на оваа компарација се погазувањата на демократските принципи, но и принципите на човековите права. Македонското општество можеби суштински не е подготвено да биде дел од европското семејство, но на политички план е направено и е отстапено премногу. Ваквиот однос од меѓународната заедница е неоправдан и неприфатлив – вели Ранѓеловиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милан со интерес за македонскиот фудбалски „дијамант“ Елмас

Следно

Блинкен: Руските напади врз цивили се воено злосторство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian