Прва лига: Работнички непријатно го изненади Пелистер

1 min read

За кратко време битолски Пелистер запиша уште еден пораз во шампионатот, а скопските „црвено-бели“ ја прекинаа серијата од седум последувателни порази (95:89).

Се чини дека домашните кошаркари како да влегоа во овој натпревар многу помотивирани од гостите од Битола, каде од клупата, по пауза од скоро три недели, „асистираше“ шефот на стручниот штаб Марјан Илиевски.

По израмнетата прва четвртина (19:19), „црвено-белите“ беа тие кои стигнаа до повисока предност. И тоа од девет поени (34:25), кога се играше 16 минута. „Пелистерци“ каде недостасуваше репрезентативниот бек Бобан Стајиќ, се вратија на 36:38. Но, тројката на Нацевски и „слободното“ кое дојде од Едвин, го остави Работнички во солидно водство од 42:36.

Во продолжението, домашната екипа успешно одолеваше на нападите на „зелените“. Така беше до неполни четири минути пред крајот на средбата, кога Кесар му донесе дури и водство на Пелистер од 77:75.

Балмазовиќ и Едвин не се откажаа од трката за победата. Новите играчи го вратија домашниот тим во водство од 81:79 со кое се влезе во последните две минути од дуелот во СРЦ „Кале“. Едвин беше творецот на резултат 86:82, Кесар врати за 84:86, а младиот Данаиловски, веднаш потоа и Балмазовиќ, ја продолжија пенал-серијата за домашната екипа на 90:84, недостижно за лидерот

Во листата на стрелците за Пелистер 25 поени беа дело на Кесар, а на спротивната страна за Работнички доминираше Едвин со 31 поен, седум скокови, 10 асистенции, но и девет загубени топки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова се четирите најдраматични знаци на Зодијакот

Следно

Пендаровски го помилува осудениот собраниски обезбедувач Алими, за кого Села велеше дека му го спасил животот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian