Пронајден и приведен крадец, накитот вратен кај сопствениците

1 min read

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 11.50 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, го лишиле од слобода Н.О.(43) од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека неколку минути претходно со употреба на сила одзел златен накит од Н.А.(49) од Скопје.

Се сомничи и за извршена тешка кражба на дрзок начин на 02.03.2022 на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје над В.Д. од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Дувњак: Неизборот на обвинители ползува на криминалот и корупцијата

Следно

Гутереш: Над 3 милиони Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина, очајно им треба мир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian