Пендаровски го помилува осудениот собраниски обезбедувач Алими, за кого Села велеше дека му го спасил животот

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да помилува неколкумина осуденици, а на листата се наоѓа и Абдуљфета Алими, вработениот во обезбедувањето на Собранието, кој беше осуден за настаните од 27 април, објави „360 степени“.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој беше претепан до бессознание, тврдеше дека Алими му го спасил животот таа вечер.

Абдуљфета Алими беше правосилно осуден на шест години затвор, затоа што му ги дал клучевите од собраниските врати на Горан Ѓошевски (началник на личното обезбедување на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски). Алими на судењето тврдеше дека само постапувал по наредба на претпоставените и дека во моментот кога му ги дал клучевите на Ѓошевски, едната собраниска врата веќе била отворена.

На листата на помилувања која Пендаровски ја потпишал вчера, а денеска е објавена во Службен весник, има уште четири други лица.

„Потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор лицето Александар Петровски. Делумно се ослободуваат од издржување казна затвор лицата Абдуљфета Алими (во траење од 8 месеци), Неџмедин Матоши (4 месеци) Димитар Мишков (3 месеци) и Џафер Небија (5 месеци)“, се вели во текстот на одлуката која ја потпишал Пендаровски, според „360 степени“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прва лига: Работнички непријатно го изненади Пелистер

Следно

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Луѓето на граница им оставаат играчки на децата од Украина кои бегаат од војната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian