Милан со интерес за македонскиот фудбалски „дијамант“ Елмас

1 min read

Како што пренесуваат денеска италијанските медиуми, Елиф Елмас е една од желбите на гигантот Милан. Ситуацијата со македонскиот репрезентативец ја следи Паоло Малдини, техничкиот директор на „росонерите“.

Елмас се наоѓа на списокот играчи кај селекторот Благоја Милевски за полуфиналето од мундијалскиот бараж против Италија (24 март), но „дијамантот“ нема право да игра во Палермо поради жолти картони, но ќе биде на располагање за евентуалното финале на 29 март.

Клубот од „Сан Сиро“ веќе размислува за следната сезона, сака да се освежи со нови засилувања.

За нашиот играч се вели дека е млад и со голем потенцијал, може да игра во сите улоги во средниот ред и во одбраната. Сите овие квалитети го прават идеален играч за Милан.

Малдини се обидува да најде некаква можност за почеток на разговори со Наполи кој го вреднува Македонецот на 35 милиони евра. Елмас има важечки договор со „наполитанците“ до 2025 година и првите луѓе од „Диего Армандо Марадона“ не размислуваат моментно за негова продажба.

Елмас ја игра третата сезона во Наполи, во тековната во Серија А има два гола во 29 настапи. Фудбалерите на Лучано Спалети се во сериозна трка во шампионатот за титулата, моментно се на второто место со само три бода помалку од водечкиот Милан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Разговор со Сандра Вера, жена-приказна: Слободата е најголема одговорност

Следно

Ранѓеловиќ: Евроскептицизмот во Македонија добива легитимитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian