Манчестер јунајтед за пет години „во вода“ фрли 740 милиони евра

2 mins read

Ова ќе биде уште една разочарувачка сезона за Манчестер јунајтед. Откако беше исфрлен од Лигата на шампионите со поразот од Атлетико Мадрид на „Олд Трафорд“ во вторникот, управата и трансфер политиката на клубот повторно се доведени во прашање. Не им оди најдобро ниту во првенството каде одамна испаднаа од сериозната трка за титулата.

Манчестер јунајтед го освои својот последен трофеј во 2017 година под водство на Жозе Мурињо, за англиски рамки во не толку важниот „Лига куп“.

Според шпанскиот весник „Ас“ во својот текст, „црвените ѓаволи“ оттогаш „во вода“ фрлиле 740 милиони евра на играчи кои не му донеле ниту еден трофеј.

Во изминатите пет години на „Олд Трафорд“ се троши без многу прашања. Непосредно пред оваа сезона Јунајтед потроши вкупно 140 милиони евра на Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо. Една година претходно потроши 83 милиони, а најмногу, 39 милиони, за Ван де Бек кој разочара.

Клубот потроши најмногу за Хари Мегваер, кој чинеше 87 милиони евра, а често е мета на многу критики. Како најпрофитабилен трансфер се покажа Бруно Фернандеш, за кој Манчестер плати 63 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Констракта: Настапот го подготвивме во мојот подрум со сапун од 20 денари

Следно

„Слободен печат“: Пропагандата на соседот се обидува да ја злоупотреби војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian