Лазаров: Резултатот не е реален, треба да бидеме претпазливи на реваншот

1 min read

Македонската сениорска репрезентација оствари победа од осум голови разлика во првиот натпревар против Романија во првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023.

Во последните 10-15 минути нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров стекнаа висока позитива која треба да се одбрани в сабота кога ќе се игра реваншот во Букурешт.

Кирил Лазаров, селектор и репрезентативец на Македонија:

– Благодарност до сите, после ковид пандемијата прекрасно беше да се игра пред публика која ни ја даде потребната поддршка. Романија е одличен противник, јас две-три ноќи не спиев мирно. Мислам дека резултатот не е реален, во последните 15 минути бевме подобри ривали. Многу пати сме биле подобри 40-45 минути, на крајот ги губевме натпреварите. За разлика од Европското првенство, сега имавме поширока ротација, со Никола Маркоски, неколку помлади играчи, и тоа беше клучот што победивме. Треба да бидеме претпазливи на реваншот, добро го познавам селекторот Чави Пасквал, го почитувам и верувам дека тој нема да се предаде до крај во овој двомеч.

Филип Миркуловски, репрезентативец на Македонија:

– Беше прекрасно да се игра пред ваква атмосфера. Немаше да биде возможен ваков резултат, доколку немаше полни трибини. Во последните 10-15 минути бевме одлични, победивме со осум голови разлика. Сепак треба да бидеме доста внимателни, одиме на реваншот како да е 0:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Верувале или не, овие актери никогаш не добиле Оскар

Следно

Груби откри дека платата му е 70.000 денари: Во животот не сум работел за помалку пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian