Констракта: Настапот го подготвивме во мојот подрум со сапун од 20 денари

2 mins read

Констракта или Ана Ѓуриќ, ќе биде овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија. Таа со својот настап на Беовизија ја „размрда“ јавноста, а сега проговори за претстојниот натпреварот во Торино, но и за подготовките за настапот на Беовизија.

Констракта призна дека чувствува среќа, но и страв.

„Што се однесува до чувствата, се менуваат страв, паниката, среќа. Тоа е стравот од нешто ново, мислам дека сите го имаме, кога се работи за нешто што не си пробал, не знаеш како ќе се справиш со тоа. Но, добро, сè е податливо“, изјави пејачката во утринската програма на „ТВ Прва“.

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

 

Таа потоа зборуваше за тоа како настанала победничката песна „In corpore sano“

„Создадена е додека имав еден тон слободно време и разговарав со кучето. Со денови пишувам песни и ги чистам да бидат крајно едноставни, да не бидат поетични, туку значајни“, објасни Констракта.

„Избегнувам да ја интерпретирам песната, богатството на таа песна е што е слоевита, секој може да ја интерпретира на свој начин. Се појавија некои пораки кои се јасни, рамката на целата песна е односот кон здравјето“, додаде пејачката.

Констракта му го возврати ударот на Аца Лукас: Требаше да му ги измијам нозете во мијалникот!

Српската претставничка на Евровизија раскажа и како течеле подготовките за фестивалот „Песна за Евровизија ’22“ и каде таа и нејзините соработници вежбале кореографија за настапот.

„Во мојот подрум, во моето студио, списнати меѓу 4 столчиња. Таму го испланиравме и го подготвивме настапот“, низ смеа рекла Констракта.

„За првата проба купив сапун од 20 денари, не вложив доволно, а рацете ми беа уништени, па нанесував крем три дена“, изјави пејачката која како дел од сценскиот настап, ги мие рацете на бина.

ВИДЕО | Се огласи и Гоца Тржан за победата на Констракта: На луѓето им се сервира ѓубре, ова е одлична промена

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Велика Британија ќе испрати ракетен систем и околу 100 војници во Полска

Следно

Манчестер јунајтед за пет години „во вода“ фрли 740 милиони евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian