Груби откри дека платата му е 70.000 денари: Во животот не сум работел за помалку пари

1 min read

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вечерва во емисијата „24 Анализа“ рече дека често се разговара за платите за министрите и пратениците, а тие примања одамна не биле покачени.

– Многу се помали од платите на директорите на претпријатија и јавниот сектор. Мојата плата е 70.000 денари. И во животот не сум работел за помала плата кога сум работел во приватниот сектор и ова ми е најмала плата откако сум во политиката. Минималната плата ја покачивме на 18.000 денари, ги покачивме и пензиите. Покажуваме грижа за граѓаните. Оваа влада докажа дека е способна да се справи и да менаџира со кризата. Министер во Македонија зема најмала плата во целиот регион. Зошто треба намалување на платите на функционерите? Ова е површен начин за забава на јавноста. Ако има потреба, ќе ги скратиме платите – рече Груби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лазаров: Резултатот не е реален, треба да бидеме претпазливи на реваншот

Следно

Руските сили го гранатираа пазарот во Харков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian