ФОТО | Трогателна глетка што крши срце: Детски играчки на границата Украина-Романија

1 min read

На границата Украина и Полска, луѓе со добри и големи срца, оставиле играчки за децата бегалци, како барем накратко да им измамат насмевка на лицето во овие тешки времиња.

Новинарката Дариа Сипигина сподели фотографии од оваа трогателна глетка на својот Твитер-профил.

„Полицијата на границата им остави на украинските деца играчки, за секое дете кое поминува од тука да може да си земе играчка со себе“ – напиша таа.

На фотографијата можат да се видат шарени кафидени и меки играчки кои се внимателно наредени во низа преку дрвениот мост.

Сепак, постојат добри луѓе на светот!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Си-ен-ен: Залутаните дронови висок ризик војната во Украина да се прелее и во земјите на НАТО

Следно

ТФТ Скопје поразен од Балкан во БИБЛ лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian