Домашен леб со кефир – останува свеж 4-5 дена

1 min read

Кефирот, како квасец за леб се покажа како совршен и така настана и овој. Леб кој може да се сече многу тенко и да биде свеж 4-5 дена. Со додавање различно брашно, вкусот на овој леб се менува и секој пат е совршен.

Состојки:

– 150 мл кефир
– 80 гр брашно
– 250 гр брашно за кревање тесто
– 100 гр брашно од семки од тиква
– 100 гр ‘ржано брашно
– 50-100 гр интегрално брашно
– 1 лажичка сол
– 300 мл вода

Подготовка:

Кефирот и брашното добро измешајте ги и на собна температура, покриен со проѕирна фолија, мора да одлежи 24 часа. Потоа, замесете го лебот со вода, додавајќи брашно и чувајте го тестото да нарасне.

Надојденото тесто лесно протресете го на подмачкана хартија за печење и благо завиткајте го во ролат и ставете го во долгнавест плех (или калуп за печење) и оставете го да „одмори“ 30 минути.

Печете прво 15 минути на 200 степени Целзиусови, а потоа на 180 степени уште 25 минути, со задолжително поставен сад со вода на дното од рерната. Печениот леб по печењето извадете го од калапот и оставете да се излади.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕСА: Руско-европската мисија на Марс прекината поради војната во Украина

Следно

На ЛОИ Париз 2024 дрим-тимот ќе треба да настапува во „штала“?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian