Акција за бесплатно собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

1 min read

Општина Кисела Вода ги информира своите жители дека од понеделник до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад.

Акцијата ќе се спроведе во соработка со јавното претпријатие  „Комунална хигиена“. При тоа, ќе бидат поставени специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, а граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.

Специјалнитре контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации: УЗ населба Драчево- улица „Бранко Заревски”, број 17, Парк на бранители, УЗ „Кисела Вода“- улица „Христо Татарчев” (главна) наспроти градинката „8-ми Март“, УЗ „Цветан Димов“- улица „Георги Димитров” (заден влез на СГУ „Васил Антевски-Дрен)“ и УЗ „Црниче“ – улица „Наум Охридски”, бб (пред УЗ „Црниче“)

­­-Правилното одложување на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење, а исто така, на тој начин се спречува создавањето на диви депонии и грда слика за средината во која се живее. Се надеваме на совесното однесување на сите наши жители за кои се спроведува оваа акција – соопштија општинските власти.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Ивановска: Корупцијата има длабоки корени, како држава треба да се ресетираме кој правец ќе го одбереме

Следно

Тешки борби се водат во Харков, уништено училиште

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian