ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сите годишни времиња во една недела

2 mins read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, локално и позначителна облачност. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта во североисточните и во источните предели ќе има појава на локален дожд и снег на планините. Ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има повеќе облачност и ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа утре ќе се задржи променливо облачно и сѐ уште релативно топло време со повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Веќе од петок па за време на викендот и тоа поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени послаби врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните за време на викендот понекаде ќе се спуштаат дури и до околу -10 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Качински: Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија

Следно

ЕУ и порача на Турција да не потпаѓа на пропагандата на Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian