Во Стар Аеродром зонско паркирање, во Автокоманда ќе се анкетираат граѓаните за соодветно паркинг-решение

1 min read

Населбата Стар Аеродром наскоро ќе добие зонско паркирање на барање на граѓаните, кои со години се соочуваат со недостиг на слободни паркинг места, како и узурпација на зелени површини, пешачки патеки и тротоари од возилата. 

Општина Аеродром изминатиот период спроведе анкета меѓу тамошните жители, при што над 90% од анкетираните кои можеа да се изјаснат „За“ или „Против“ се изјаснија позитивно и дадоа зелено светло за оваа иницијатива.

Анкетата опфати 18 згради кои се наоѓаат на булеварот „Јане Сандански“ и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“. 

Анкета од ваков тип во претстојниот период ќе се спроведе и во Автокоманда со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое ќе воведе ред за сообраќајот во мирување. 

Општина Гази Баба во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе ги преземат сите соодветни чекори за регулирање на паркирањето во овој дел, а со што ќе се зголеми безбедноста на возачите и пешаците, порачаа надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија во ОХИС се во завршна фаза

Следно

Политика: „Ер Србија“ поради притисоците ги намалува летовите за Москва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian