„Војна„ за Халанд: Сити нуди рекордна плата, Реал се распрашува за здравјето на Норвежанецот

1 min read

Трката за потписот со Ерлинг Халанд се сведе само на два клуба, Манчестер сити и Реал Мадрид кои веќе ја започнаа „војната“.

Првиот конкретен чекор го направи Манчестер сити кој на Халанд му нуди неделна плата од 600.000 евра, односно 31 милион евра годишно.

Со таква плата, Халанд би станал најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата,и би ги поминал Кристијано Роналдо кој заработува 500.000 евра неделно и Кевин де Брујне кој инкасира по 451.000 евра секоја седмица.

Реал Реал Мадрид пак размислува да му понуди 25 милиони евра годишно на Норвежанецот, но и можност да игра заедно со Килијан Мбапе во нападот.

Но, за да тргне по потписот со Халанд, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез прво сака да го „провери здравствениот билтен“ на напаѓачот на Борусија Дортмунд.

– Реал Мадрид ќе тргне по Халанс само доколку се увери дека не постои опасност од повреда. Двете заинтересирани екипи веќе преговараат, а адутот на Реал Мадрид е и тоа што Флорентино Перез иа добри односи со првиот човек на Борусија Дортмунд. Перез сака да се увери дека Халанд е во одична физичка состојба, а во Борусија се свесни дека напаѓачот на лето си заминува – изјави шпанскиот новинар Хосеп Педрерол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Како легендарните југославенски комичари ја толкуваа кризата со горивата во 80-тите

Следно

Подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија во ОХИС се во завршна фаза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian