Свесни сме дека во изминативе години, од постоењето на првата на верзија на Комиисјата за заштита од дискриминација, 2011 до 2020 година, граѓаните немаа голема доверба. Но ние веќе во изминатата годината имаме 167 претставки со кои што работиме, вели за Утрински брифинг Исмаил Камбери од Државната Комисија за заштита од дискриминација.
-Стратегијата е да бидеме повидливи во медиумите, ажурно да ги решаваме предметите и да бидеме отворени спрема граѓаните, но и спрема меѓународните партнери кои се клуч за нашето работење, изјави Камбери за Утрински брифинг.
-Направивме онлајн кампања каде што објаснуваме што е дискриминација и како може да се пријави дискриманицијата во нашата институција. Исто така ги едуцираме граѓаните како можат да препознаат дискриминација. По региони имаме обезбедено состаноци со локални институции и граѓански организации каде разговарме за оваа тема, вели Камбери.