ВИДЕО: Дебакл на Јувентус во Торино, Челси рутински четвртфиналето 

1 min read

Фудбалерите на Јувентус трета година по ред настапите во Лигата на шампионите ги завршуваат во осминафиналето, а вечерва „старата дама“ беше понижена од Виљареал и тоа среде Торино. Виљареал во реваншот славеше со 0:3, откако првиот дел заврши 1:1 и шпанскиот тим ќе игра во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Јувентус беше подобар тим на теренот, посебно во првиот дел кога пропуштија неколку шанси преку Влаховиќ и Мората, но гостите во вториот дел успеаја да ја „умртват“ играта.

Таквиот пристап на крајот им се исплатеше на фудбалерите на Виљареал кои славеа благодарение на головите на Жерар Морено во 78. минута од пенал, Пау Торес во 85. и на Данжума во 92. минута кој од пенал стави точка на убедливиот триумф.

Актуелниот европски шампион Челси ја продолжува одбраната на титулата откако и на реваншот славеше против Лил, овој пат со 1:2. Челси и покрај проблемите во кои се наоѓа, обезбеди пласман во четвртфиналето со вкупен резултат 4:1.

Лил поведе со голот на Јилмаз во 38 минута, но Челси во финишот од првиот дел дојде до израмнување благодарение на Кристијан Пулишиќ.

Во второто полувреме, капитенот Сезар Аспиликуета во 71 минута постигна гол, што значеше триумф и пласман во четвртфиналето за Челси.

Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи в петок во Нион.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полна месечина во Девица: Ќе им донесе среќа на овие три хороскопски знаци

Следно

Грковска: Владата покажа пример за штедење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian