Вечерва ќе бидат познати последните четвртфиналисти во ЛШ: Јувентус без право на кикс

2 mins read

Вечерва со одигрување на последните два реванш наптревари од осминафиналето, ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Последните патници во четвртфиналето ќе бидат натпреварите помеѓу Јувентус – Виљареал и Лил – Челси.

Јувентус по слабиот старт на сезоната, во 2022 година игра одлично и дури се вмеша во трката за титулата. Големи заслуги одат на сметка на зимското засилување Душан Влаховиќ на кого во првиот натпревар во Лигата на шампионите, на првиот дуел со Виљареал, му беа потребни само 33 секунди за да постигне гол.

До крајот на натпреварот Виљареал израмни и вечерва на „Алијанц Арената“ фаворитската улога ја има Јувентус.

– Целта ни е да дојдеме до финалето и во тоа ќе успееме само доколку одиграме добро и среќата биде на наша страна. Натпреварот со Виљареал е како финале за нас, бидејќи станува збор за искусна екипа. Ризикувавме на првиот натпревар, но сега во реваншот немаме право на грешка – изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Во претходните две сезони, Јувентус под водство на Андреа Пирло и на Маурицио Сари, настапите во ЛШ ги завршуваше токму во осминафиналето, но оптимизам кај навивачите влева тоа што на клупата седи Алегри. Токму под водство на Алегри, Јувентус во 2019 година го помина осминафиналето и загуби во четвртфиналето од Ајакс кога голот на одлука го постигна сегашниот дефанзивец на „старата дама“ Матијс Де Лихт.

Алегри за вечерашниот натпревар нема да може да смета на најсилниот состав бидејќи ќе недостасуваат повредените Леонардо Бонучи, Алекс Сандро и Денис Закарија.

Виљареал пак, по добро го памети последното гостување во Италија, во декември минатата година славеше со 3:2 во Бергамо против Аталанта и обезбеди пласман во осминафиналето. Во вториот натпревар ќе играат Лил и Челси, а актуелниот европски шампион има залиха од два гола.

– Лил одигра добро во првиот натпревар. Играа офанзивно и беше убаво да се гледаат. Сигурно ќе одат на победа вечерва бидејќи немаат што да загубат. Ќе играат офанзивно, агресивно, течно и директно во формација 4-4-2 и мора да бидеме внимателни – вели тренерот на Челси, Томас Тухел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неверојатно, но вистинито: Двојникот на Путин му помогна на двојникот на Зеленски да побегне од Украина

Следно

Апасиев имал „срдечна средба“ со рускиот амбасадор, разговарале за „непромислените“ изјави на Бујар Османи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian