Јунајтед трага по навивачите кои го гаѓаа Симеоне

1 min read

Управата на Манчестер јунајтед ги прегледува и анализира видео снимките од безбедносните камери за да ги идентификува навивачите кои фрлаа разни предмети по тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне по поразот во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Јунајтед загуби од Атлетико Мадрид со 0:1 во реванш натпреварот што се играше на „Олд трафорд“ и го заврши настапот во ЛШ бидејќи првиот натпревар заврши без победник 1:1.

Разочарани од поразот и од елиминацијата на нивните фудбалери, домашните навивачи за завршување на натпреварот со чаши и шишиња го гаѓаа Диего Симеоне додека одеше кон тунелот. Поради овој инцидент УЕФА објави дека го чека извештајот на делегатот пред да одлучи за наредните чекори кои можат да донесат казна за Јунајтед.

Манчестер јунајтед објави дека по откривање на идентитетот на навивачите што фрлаа предмети по Симеоне, тие ќе добијат неколкугодишна забрана за влез на стадионите, а ќе бидат пријавени и на полицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зоран Тортевски, вокал на „Мизар“ и чувар на византиското пеење: Децата се оние кои ќе ги расчистуваат бесмислените блуткави пластови на разни „култури“ и влијанија

Следно

Груби-Брнз: С. Македонија е подготвена да прими бегалци од Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian