Трпковски: Трговски центар во Сопиште е барање и потреба на жителите

1 min read

Почитувани сограѓани, потребата од трговски центар во општина Сопиште е ваше барање и потреба, негова изградба беше ветена и во мојата изборна програма и истиот ќе биде реализиран, затоа што е ваше барање и потреба, се обрати на Фејсбук градоначалникот.

За жал морам да ве информирам дека најавената изградба за одреден период е запрена, поради опструкции и тужба пред Управниот суд од страна на нашиот неодамнешен сограѓанин Костаке Милков. Со почнување на судската постапка се одлага и изградбата на објектот се до конечна разврска на спорот. Сите факти се на страна на општината и на страна на проектот.

Се извинувам од мое и од името на општината што овој проект на определено време е закочен, иако тој е потреба на сите вас. Се надевам и на разум кај нашиот нов сограѓанин кој нема да чека да заврши спорот во кој фактите се на наша страна, и ќе ја повлече тужбата за да може Сопиште да добие објект каде сите вие и вашите најмили ќе можат да поминат дел од своето слободно време, без да треба да патуваат во други општини за да посетат таков објект, напиша градоначалникот Трпковски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Апасиев имал „срдечна средба“ со рускиот амбасадор, разговарале за „непромислените“ изјави на Бујар Османи

Следно

НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian