Само половина од пријавените навивачи ќе можат да ја бодрат Македонија во Палермо

2 mins read

Точно 2604 барања пристигнале за купување на влезници за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар, што на 24 март треба да се игра во Палермо помеѓу Италија и Македонија, информира Фудбалската федерација на Македонија.

Рокот за аплицирање за купување на влезниците заврши вчера и пријавени се двојно повеќе навивачи според пропозициите на УЕФА.

– Можноста да им овозможиме купување на влезници на сите наши фанови практично е невозможна.Изразуваме почит и благодарност до секој поединец со искрена намера да ја бодри нашата репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палерно, но истовремено праќаме важна напомена дека Фудбалската федерација на Македонија располага со лимитирана квота на билети која ни беше ставена на располагање според пропозициите на УЕФА (вкупно 5% од капацитетот на стадионот). Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаме на располагање, ФФМ може да задоволи околу педесет проценти од лицата кои аплицираа за билети за натпреварот Италија – Македонија – објави ФФМ.

ФФМ опреку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со навивачките групи во нашата држава кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата во Палермо и согласно нивните барања и бројот на билети што можеше да биде ставен на располагање, овозможено е околу 150 навивачи организирано да патуваат во Италија.

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови:
Треба да пристапат на следниот ЛИНК за билети.

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите;

Билетот го добиваат во електронска форма;

Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот ЛИНК.

Лицата кои добиле кодови за купување на билети, процесот на купување треба да го завршат по добивањето на истите, но најдоца до 17. март до 22:30 часот.

Платформата, односно линкот за купување билети се затвора во 22:30 часот на 17. март 2022.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Тиктокерка од Киев објаснува од што живеат Украинците

Следно

Пак се пали трска на струшкото крајбрежје, сите се прашуваат што ќе се гради

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian