Ролан Гарос му даде зелено светло на Ѓоковиќ за настап

2 mins read

Директорката на турнирот Морезмо изјави дека ништо не му стои на патот на Србинот да ја брани титулата

Организаторите на Отвореното првенство на Франција денеска соопштија дека на Новак Ѓоковиќ му е дозволено да ја брани титулата. Се очекува Ролан Гарос годинава да биде првиот грен-слем без никакви ограничувања поврзани со ковид-19 откако изби пандемијата пред две години.

Франција минатиот понеделник ги укина ограничувањата на речиси сите јавни места (освен болниците, домовите за стари лица и јавниот превоз), што значи дека Ѓоковиќ без проблеми ќе може да настапи на Ролан Гарос.

– Како што стојат работите, ништо не го спречува Ѓоковиќ да учествува на Отвореното првенство на Франција – рече директорката на турнирот Амели Морезмо на прес-конференцијата денеска.

Ѓоковиќ не можеше да ја брани титулата на Австралија опен во јануари. Тој тогаш беше депортиран од земјата, откако првично беше примен на турнирот и покрај тоа што не беше вакциниран против коронавирус. Новак исто така не може да учествува на турнирите на АТП 1.000 овој месец во Индијан Велс и во Мајами, бидејќи не може да влезе во САД без доказ за вакцинација.

Иако доказ за вакцинација не е потребен за влез во Франција или настап на некој спортски настан во земјата, претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ) Жил Моретон предупреди дека работите може да се променат пред почетокот на турнирот на 22 мај.

– Сè уште циркулира вирусот и мораме да бидеме претпазливи. Доколку работите се влошат повторно и владата преземе нови мерки, ние нема да бидеме исклучени – објасни тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Александра Шијакоска од болница: Операцијата заврши

Следно

МВР и ЗНМ на заеднички семинар: Ќе продолжи зголемувањето на соработката со новинарите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian