Пак се пали трска на струшкото крајбрежје, сите се прашуваат што ќе се гради

1 min read

Како и години наназад, со доаѓањето на пролетта, повторно горат десетици хектари со трска на брегот на Охридското Езеро околу Струга, алармираат еко-активистите. Жителите на градот се прашуваат што е планирано следно да се гради на брегот кај изгорените површини – хотел, ресторан или станбен објект, јавува ТВ24.

Според полицијата, последниот ваков инцидент со палење трска се случил пред два дена. Пожарите се предизвикуваат и среде бел ден, а досега не е пронајден ниту еден од потпалувачите.

Градоначалникот Рамис Мерко категорично тврди дека нема да има никакви градби, ниту тампонирање на земјиште.

„Ние сме против палење на трската, можеме да апелираме да не се прави тоа. Ние не сме ни полиција, ни обвинителство, ни инспектори за да го спречиме тоа. Шпекулација е дека се пали за да се гради. Нема шанса некој да гради во тој дел каде е јавен имот. Шпекулација е дека ќе издадеме одобренија за хотели и други градби. Има приватен имот таму, но тој треба да се урбанизира и да се добијат сите позитивни мислења. Не може да се гради на диво“, тврди Мерко.

Палењето на трската се случува во период кога Охрид и Струга се наоѓаат под засилен мониторинг на УНЕСКО поради недоволна грижа и прекумерна урбанизација за крајбрежјето и кога целиот регион е под закана да го загуби заштитениот статус во УНЕСКО.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само половина од пријавените навивачи ќе можат да ја бодрат Македонија во Палермо

Следно

Јакимовски и Арсовска се договорија за заеднички инфраструктурни проекти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian