Откриен досега непознат сој на коронавирусот, не бара посебен третман

1 min read

Министерството за здравство на Израел денеска објави дека во земјата се откриени два случаи на зараза  со досега непознат сој на коронавирусот.

Новиот сој е комбинација на доминантната омикрон подсој БA.1 и друг подсој БA.2, кој предизвикува благи симптоми, без покачена телесна температура, со болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман.

Според израелското Министерство за здравство, овој сој сè  уште не е познат во светот, а откриен е со ПЦР тестирање на патниците на меѓународниот аеродром Бен Гурион, Тел Авив.

Од почетокот на пандемијата во Израел починале 10.401 лице.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Комуналните инспектори на Град Скопје со контроли на терен

Следно

ФОТО | Александра Шијакоска од болница: Операцијата заврши

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian