Неверојатно, но вистинито: Двојникот на Путин му помогна на двојникот на Зеленски да побегне од Украина

2 mins read

Двојникот на претседателот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, Хауард Икс, бил загрижен за двојникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Умид Исабаев, поради војната во Украина, па го повикал двојникот на Владимир Путин, Славек Собал, за да го договорат неговото извлекување…

Лудата вест е всушност вистинита, а Собал и Хауард раскажале за „Дејли стар“ како изгледал процесот на спасување…

– Кога почна војната, веднаш се сетив на Умид бидејќи живее во Киев. Му реков дека мора веднаш да побегне бидејќи не знае што ќе направат Русите ако најдат двојник на украинскиот претседател – рекол Хауард.

Умид стана познат кога случајно некој во метрото ја забележа неговата сличност со Зеленски, тој го запозна и претседателот, а работеше и за неговата поранешна продукциска куќа.

– Умид на почетокот на инвазијата имаше проблеми. Не сакаа да му помогнат бидејќи е од Узбекистан. Кога пристигна на границата и кога чуварите видоа колку личи на претседателот на Украина, почнаа да се смеат и успеавме да го извлечеме – вели Хауард.

– Го сместив во хотел, подоцна се сретнавме и пиевме пиво. Разговаравме повеќе од три часа. Тој ми се заблагодари за сѐ. Рече дека ќе остане во Полска и ќе се обиде таму да најде работа – вели Славек, кој, како што призна неделава, поради целата ситуација малку стравува за својот живот.

– Во Полска има многу Украинци и кога ќе видат колку личам на Путин, се плашам дека ќе станат агресивни. Некои ми забележуваат што заработувам од тоа, но тоа ми беше споредна работа што ја работев за забава, а не за пари – рекол Полјакот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нападнат контролор на ЈСП, предупредил патник да стави заштитна маска

Следно

Вечерва ќе бидат познати последните четвртфиналисти во ЛШ: Јувентус без право на кикс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian