МВР и ЗНМ на заеднички семинар: Ќе продолжи зголемувањето на соработката со новинарите

2 mins read

Како Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ) соработуваме со Министерството за внатрешни работи (МВР), но тоа не значи дека соработката не може да биде подобрена, затоа што и во структурите на МВР и во нашите структури не секогаш имаме доволно разбирање за проблемите со кои се соочуваме и ние и полицајците, посочи денеска претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Тој во своето обраќање на презентација на анализа на тема „Подобрување на соработката меѓу новинар(к)ите и полициските органи со цел поголема отчетност и транспарентност”’ посочи дека оваа анализа за полицискиот билтен како алатка за дневна комуникација со медиумите и информирање во јавноста, е инструмент кој ќе помогне и на двете страни.

– Тоа е клучното, и токму заради тоа новинарите беа вклучени во создавањето на овој извештај, бидејќи секојдневните проблеми и грешки кои ние можеме да ги најдеме таму, се разбира се одраз на нашето искуство или одраз на она што ние го претставуваме во јавноста. Се на се, ова е во насока на подобрување на работата на Министерството од една страна и на новинарите од друга страна, кои би имале правовремени информации, а со тоа би биле среќни граѓаните, односно јавноста која би била добро информирана, додаде Чадиковски.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во неговата изјава пред почетокот на денешниот настан рече дека МВР во овие години постојани соработува за зголемување на безбедноста на новинарите, но и преку полицискиот Билтен, односно полицискиот извадок на дневни настани којшто, како што посочи тој, се пласира секој ден до медиумите и заинтересираните странки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ролан Гарос му даде зелено светло на Ѓоковиќ за настап

Следно

Сообраќајка на крстосница во Бутел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian