Милевски: Фудбалерите треба да уживаат во дуелот со Италија и да покажат дека дека не случајно сме во баражот

3 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија на 24 март ќе го игра еден од најважните натпревари во историјата, против Италија во Палермо игра во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар, а селекторот Благоја Милевски со нетрпение го очекува натпреварот.

Милевски за дуелот со Италија (24 март) и евентуалната пресметка (29 март) со подобриот од мечот помеѓу Португалија и Турција, одлучи да повика 27 фудбалери.

Иако противник во полуфиналето на бараж натпреварот е актуелниот европски шампион Италија, Милевски вели дека неговите избраници сигурно нема да излезат со бело знаме на теренот на стадионот „Ренцо Барбера“.

– Се работи за еден натпревар со Италија на кој се е отворено. Нашите фудбалери треба да уживаат во овој бараж, да покажат дека не сме случајно на ова место и меѓу најдобрите 20 селекции во Европа. Ме радува формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци. Што се однесува до Италија, се работи за селекција која е во топ пет по квалитет, актуелен европски првак. Меѓутоа секоја селекција има свои силни и слаби страни, така е и со нашиот следен противник, наше е да успееме тоа да го искористиме – рече Милевски на прес-конференцијата.

Селекторот најави офанзивна игра во Палермо

– Овој тим на Македонија не знае да игра дефанзивно и да игра пасивно. Тоа го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите, а ќе се потрудиме да го потврдиме и на дуелот со Италија. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Нема лесен натпревар на ова ниво.

Македонија и Италија досега меѓу себе одиграле два официјални натпревари и тоа во квалификациите за СП 2018 година во Русија. Натпреварот во Скопје заврши со триумф на Италијанците од 3:2, додека во Торино беше нерешено 1:1.

– Искрено, не гледам поврзаност со претходните два меѓусебни натпревари против Италија. Од последниот меч со Италија мина долго време, двете селекции имаат различен селектор, различна филозофија. Сега играме еден натпревар, кој е од сосема поинаков тип и важност, во споредба со двата квалификациски меча одиграни во Скопје и Торино – додава Милевски.

Собирот на македонската А репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје. Првиот тренинг е во понеделник во 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изминаа 12 години од трагичната смрт на балканската ѕвезда Ксенија Пајчин

Следно

Фирмите ќе се вклучат во собирањето помош за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian