Изненадување, ПСЖ почнал преговори со Конте

2 mins read

Разочарувачката елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите и губењето на Килијан Мбапе кој не сака да чуе да потпише нов договор, ја натера управата на ПСЖ на лето на направи целосен ремонт на екипата и на драстична промена на политиката како и на ангажман на Антонио Конте за нов тренер.

Иако неодамна изјави дека нема намера да си замине од Тотенхем, италијанските медиуми пишуваат дека преговорите помеѓу претставници на тренерот и на ПСЖ веќе започнале.

Медиумите пишуваат дека Конте е разочаран од односот со претседателот Даниел Леви кој не го исполни ветеното и во зимскиот преоден рок потроши пари за засилувања. Мотив плус за Конте да си замине од Тотенхем е тоа што екипата повеќе од извесно е дека нема да игра во Лигата на шампионите идната сезона.

Од друга страна, ПСЖ ќе му овозможи голем буџет за засилувања на Конте како и можност да работи со фудбалери кои се доволно квалитетни да ја нападнат титулата во ЛШ.

Доколку двете страни се договорат за соработка, Конте може да си замине од Тотенхем бидејќи во договорот со премиерлигашот има клаузула која е поврзана со резултатите на екипата, односно пласманот во ЛШ. Доколку Тотенхем не се пласира во ЛШ идната сезона, Конте може да си замине за минимално обесштетување.

Француските медиуми пак тврдат дека Зинедин Зидан и понатаму останува прв фаворит за клупата иако на крајот од сезоната ќе си заминат неколку ѕвезди од екипата.

Веќе на сите во ПСЖ им е јасно дека Килијан Мбапе од идната сезона ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, но управата подготвува нов план „анти-Мбапе“ со кој треба во иднина да се спречи заминување на младите фудбалери од „Паркот на принцевите“, посебно на тие што се дел од младинската школа.

– Целта ни е да овозможиме на младите фудбалери да се чувствуваат горди што го носат дресот на ПСЖ. Нашата задача е да ги подготвиме за првиот тим, но и да гу научиме на вредностите на ПСЖ – вели Јоан Кабаје, директорот на младинската школа на ПСЖ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Збогување со тајниот агент: Даниел Крејг заплакал на првото гледање на неговиот последен филм за Џејмс Бонд

Следно

Ковачевски ќе има помалку советници од претходните премиери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian