Изминаа 12 години од трагичната смрт на балканската ѕвезда Ксенија Пајчин

1 min read

Годинава се навршуваат 12 години од трагичната смрт на српската пејачка Ксенија Пајчин, ѕвезда која пленеше со својата убавина и харизма.

Ксенија Пајчин беше едно од омилените естрадни имиња во регионот – не само на публиката, туку и меѓу своите колеги. Танцот беше нејзина голема љубов и затоа својата кариера ја започна како танчарка во дискотеките ширум Србија. Потоа, стана членка во музичката група „The Duck“ со која стекна голема популарност во деведесеттите години. По напуштањето на групата, Ксенија ја започна својата солистичка кариера која ја обележија неколку големи музички хитови како „Дечко ми је уморан“, „Пица“, „Нино“ итн.

За жал, нејзиниот живот згасна прерано. На денешен ден во 2010 година, Ксенија беше пронајдена мртва во својот стан со прострелна влезна и излезна рана во главата, а до неа било нејзиното момче Филип Каписода со прострелна рана. Се верува дека се работи за убиство на Ксенија и самоубиство кои ги извршил Филип.

Ксенија, почивај во мир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Ер Србија” поради притисоците ги намалува летовите за Москва

Следно

Милевски: Фудбалерите треба да уживаат во дуелот со Италија и да покажат дека дека не случајно сме во баражот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian