Измамникот од Тиндер и Ана Делви го излажаа светот: Како им успеа?

11 mins read

Иако верувањето е дека луѓето се длабоко скептични кон странците, студија по студија покажува нешто сосема поинакво – луѓето се многу поотворени и подготвени да веруваат едни на други дури и кога не се знаат. Веројатно сето тоа потекнува од идејата дека кога запознаваме некој нов, тој не ги знае нашите „лоши и длабоки“ страни, па поедноставно приоѓаме кон запознавање. Новите луѓе, странците не го осудуваат нашиот карактер, затоа што – не го познаваат. Но, зарем тоа не е и најголемата стапица?

Како ли измамниците како Ана Делви и Тиндер лажгото ја искористија суштинската карактеристика на човечката природа, довербата?

Moжеби Ана имала толку пари, што едноставно изгубила компас. Можеби сето ова е недоразбирање. Такви се оценките за Ана Сорокин, наводната германска наследничка која имаше неодолива желба да спие на туѓи каучи, но и да остави авионски билети на кредитната картичка, која „случајно“ ќе заборави да ја врати.

Темата што „Нетфликс“ ја обработи во серијата „Inventing Anna“ Сорокин, која пред луѓето се претставувала како Ана Делви, се однесува на класична измама во која Ана проневерила преку 250 илјади долари преку богатите познаници и поприлично успешни бизниси на Менхетен во периодот меѓу 2013 и 2017 година. Излегува дека нејзиното „педигре“ е лага, фатаморгАна. Наместо тоа таа била практикант во моден магазин, а потекнувала од работничко семејство на руски имигранти.

Ana Sorokin/Profimedia
Џулија Гарнер во улога на Ана / Фото: Profimedia

Сепак, луѓето околу неа експресно ги прифаќаат нејзините чудни објаснувања, дури и самите создаваа изговори за неа, кои ја потврдуваат лековерноста. Деталите за „Случајот Сорокин“ само ги отсликуваат оние реални приказни од неодамнешната продукција на „Нетфликс“, „The Tinder Swindler“ во која е раскажана приказната по вистинскиот случај. Се работи за измамникот Симон Левиев, кој ги убедува жените со кои се запознал преку платформата „Тиндер“, дека е милионер чиј живот вреди многу, па да му помогнат со позајмување баснословни суми пари. Неверојатни убедувања. Неговиот статус пред нив бил дека непријателите се обидуваат да го откријат и да го убијат, и од безбедносни причини не можел да ги користи неговите сопствени кредитни картички.

Симон Левиев/Профимедиа
Симон Левиев/ Фото: EPA-EFE/TORE KRISTIANSEN

Измамените жени потоа ја објавија приказната. Не беше само една, а Симон со нивните пари си патувал, се шетал, уживал. Какво „крадење“ доверба!

ФОТО | Жена раскажува за своето хорор љубовно искуство: Ме измами преку Тиндер, сега сум „должна до гуша“!

Како можеше толку многу луѓе да бидат лековерни и да ги „купат“ тие фантастични приказни што ги правеа Сорокин и Левиев? И зошто дури и кога еден куп „црвени знамиња“ за аларм како што и самата Сорокин ги нарекува се појавуваат како недоследност, луѓето продолжија да им веруваат на овие луѓе, го поминуваат своето време со нив и се согласија да им позајмат пари?

Авторот на статијата, кој е социјален психолог и има напишано книга за нашата изненадувачка моќ да убедуваме луѓе, вели дека ова не е „необична грешка на човечката природа“.
Наместо сето тоа, тој вели дека приказните на Сорокин и Левиев се примери на лоши актери кои ги искористуваат општествените процеси на луѓето. Ние секојдневно се потпираме на ефикасна и ефективна човечка комуникација и соработка.

Да се ​​биде човек значи да се има доверба

И покрај верувањето дека луѓето се скептици по природа, подготвени да ве „фатат“ при секоја грешка или лажнo убедување, сепак тоа не е случај. Истражувањата велат дека луѓето имаат тенденција да им веруваат на другите, наместо да се сомневаат во нив, или пак повеќе да се склони кон себепретставување, наместо да ги „засрамат“ или да ги стават на тапет другите.

Примерот со Ел Ди, диџеј од кого Делви побарала да земе заем од 35 илјади евра, ја опиша леснотијата со која луѓето се согласувале со неа.

„Мислам дека таа не ни мораше да се труди толку многу. Иако приказната беше крајно нездрава и лажна, луѓето желно сакаа да ја купат“.

Сепак, тешко е да се поверува дека луѓето луѓето од кругот на Сорокин доброволно би ги дале своите пари на некој што едвај го познаваат.

Сепак психолозите ги гледале сите вклучени во измамата со даваење пари на непознати луѓе низ годините преку стотици експерименти. Во сите овие студии, им се кажува дека се дел од „инвестициски игри или шеми“, во кои им се дава шанса да ги предадат своите пари на друг учесник, со што ќе добијат поголем поврат на нивната првична инвестиција. Ви звучи познато?

Она што е фасцинантно за овие студии е тоа што повеќето учесници се цинични во врска со тоа што некогаш повторно ќе ги видат своите пари – а камоли за враќање на нивната инвестиција – а сепак тие сè уште ги предаваат. Со други зборови, и покрај длабоката резервираност во ситуацијата, тие сепак избираат да му веруваат на потполен странец. Зошто ли го правиме ова?

Има нешто длабоко човечко во тој имплус. Луѓето се социјални битија и довербата еден кон друг постои во нашата ДНА. Како што Дејвид Данинг, психолог поентираше – без доверба е тешко да се замислат одредени активни бизниси како што се хотелските сместувања, рент-а кар и слични места каде демократски сме се „договориле“ дека ќе си веруваме.

Лагите се исклучок, не норма

Се разбира, сите барања на Сорокин често биле покривани со објаснувања, оправдувања и ќе се запрашате како толку малку луѓе се посомневале во вистинитоста на нејзината приказна. Сепак, како што довербата подразбира човечка интеракција, претпоставката за туѓата искреност подразбирала и очекување за основна комуникација.

Судењето на Ана Сорокин/Printscreen/Youtube
Судењето на Ана Сорокин/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Оваа клучна комуникација прв ја разглобува Пол Грајс, влијателен филозоф за јазици. Грајс тврди дека комуникацијата е взаемен, заеднички потфат. А да се разбереме еден со друг, значи заеднички да го работиме тој комуникациски модел. Сето тоа за да може да се случи, постојат основни правила, од кое едното е – и двете страни да ја зборуваат вистината. Во ера на „вистинитост“ и „лажни вести“ ваква премиса може да изгледа апсурдно и наивно. Но, луѓето лажат многу помалку одошто мислите. Вслушност, ако претпоставите дека личноста со која разговарате лаже, комуникацијата би била речиси невозможна. Ако секој ве оспорува дека навистина сте ја прочитале книгата за која тврдите дека сте ја прочитале, или јадењето што сте го јаделе, не постои, тогаш навистина нема да стигнеме никаде.

Истражувачите пронашле експериментални докази за она што се нарекува „подразбирачка вистина“. Во една серија стуии, истражувачите барале од учесниците да проценат дали изјавите се точни или неточни. Понекогаш самите тие биле прекинувани, за да не можат во потполност да ги обработат изјавите. Ова им овозможило на истражувачите да дојдат до претпоставката кај луѓето: кога сте во недоумица, дали подразбирате верување или неверување? Се покажало дека кога учесниците не биле во состојба да ги обработат изјавите, тие само кажале дека тие се вистинити.

Неподготвеност за обвинување

Дури и ако би се посомневале во приказната на Ана Сорокин, многу малку би истапиле дека „таа лаже“.

Класичната теорија на „facework“ која ја обработува социологот Ервинг Гофман, тврди дека нам ни е непријатно да посочуваме некого или да сугерираме дека тој не е таков каков што се претставува, исто како што ни е непријатно да сме ние повиканата личност. Дури и луѓе кога гледаат дека некој прави нешто со кое тие не се сложуваат, не кажуваат ништо. Други студии истражуваат баш ваков феномен. Еден од нив е дека луѓето се плашат да „стават некого на тапет“ или да го корегираат кога тој користи расистички говор или сексуално вознемирување во разговор. Колку и да мислите вака од страна дека никогаш не би биле во кожата на измамените жени и мажи околу Сорокин и Левијев, голема е шансата дека наместо да ја разоткриете целата шарада, да бидете и вие повлечени во приказната.

Склоноста да верувате, да се сложувате со објаснувањата на другите може да делува неповолно. И навистина, ако направите обратен ефект, ќе ги разоткриете луѓето. Но, без доверба, нема ни соработка. Без претпоставка дека другите ја зборуваат вистината, не постои комуникација. А без прифаќање на луѓето за она што го претставуваат пред светот, не би постоела основа за градење односи.

Со други зборови – самите карактеристики кои изгледаат како „дефекти“ кога се експлоатираат на начин како што тоа го направија Ана и Тиндер Свиндлерот, се всушност самата суштина на она што значи да се биде човек – несовршеност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција отвора истрага за воено злосторство за смртта на снимателот на Фокс њуз

Следно

БРАВО: Оливера Наковска Бикова е нова европска шампионка во стрелање со воздушен пиштол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian