Груби-Брнз: С. Македонија е подготвена да прими бегалци од Украина

1 min read

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнс.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Груби, се разговарало за значењето кое партнерството меѓу САД и Македонија го има за безбедноста на земјата официјализирано со нашето членство во НАТО и за стабилноста на регионот.

-Ja информирав амбасадорката Брнз за текот на дијалогот со Бугарија и за нашиот конструктивен пристап за што поскоро деблокирање на патот на интеграцијата во ЕУ, за преземените економски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од влијанието на светската економска и енергетска криза, како и за Коридорот 8 кој се очекува да започне со изградба на средината на оваа година од страна на познатата американска компанија Бехтел Енка.

„Нашиот разговор го завршивме осудувајќи ја руската агресија во Украина при што ја изразив подготвеноста на Владата за да ги пречека Украинците кои ќе бараат засолниште во нашата земјa“, напиша Груби на социјалните мрежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јунајтед трага по навивачите кои го гаѓаа Симеоне

Следно

Полска собра повеќе од 300 изјави на сведоци за војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian