Грковска: Владата покажа пример за штедење

1 min read

Владата е прва по транспарентност и покажа пример за штедење по сите ставки планирани во Буџетот, оценува вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

-Денеска имавме состанок со Агенцијата за пристап до слободни информации од јавен карактер и ме радува тоа што Владата е прва на листата на институции по транспарентност според нивниот извештај што тие го имаат подготвено. Се надевам дека така понатаму ќе продолжи, истакна Грковска во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма.

Во однос на набавките кои ги направила Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која ги опслужува сите институции како Владата, Собранието и Претседателот на државата, таа оцени дека податоците се јавни и јасно може да се види на што се трошени средствата.

Грковска подвлече дека во однос на трошењето на јавните средства е најважно дали постои злоупотреба на средствата, како тоа да се контролира и дали се намалени несуштинските трошоци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дебакл на Јувентус во Торино, Челси рутински четвртфиналето 

Следно

Албанија ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд за прекин на руската агресија врз Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian