БРАВО: Оливера Наковска Бикова е нова европска шампионка во стрелање со воздушен пиштол

1 min read

Најдобрата македонска параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал на Европското првенство во стрелашто што се одржува во Хамар, Норвешка, во дисциплината воздушен пиштол.

Наковска Бикова до златниот медал дојде со погодени 232.3 кругови, а на победничкиот пиедестал се искачија и Турчинките Ајсел Озган која погоди со 231.5 круга и Ајсеѓул Пехливанлар со 210.4 круга.

Во машка конкуренција Александар Јовановски го освои десеттото место во квалификациите со 547 круга и за еден круг не обезбеди пласман во финалето. Ванчо Каранфилов го освои 19 место со погодени 533 круга.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Измамникот од Тиндер и Ана Делви го излажаа светот: Како им успеа?

Следно

Ако ние можеме без службени возила и картички, зошто да не можат и другите, вели Ивановска од ДКСК

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian