Барселона има нов спонзор и за 280 милиони евра ќе го менува името на „Камп Ноу“

1 min read

Каталонскиот гигант Барселона има нов генерален спонзор поради кој за прв пат во клупската историја ќе го менува името на стадионот „Камп Ноу“. Во наредните четири години стадионот на Барселона ќе се преименува во „Спотифај Камп Ноу“.

Иако официјално не се соопштени деталите од договорот, шпанските медиуми шпекулираат дека музичката платформа „Спотифај“ на Барселона ќе му плаќа 70 милиони евра годишно, односно вкупната сума што каталонскиот тим ќе ја добие е 280 милиони евра. Барселона и „Спотифај“ официјално соработката ќе ја започнат на 1 јули годинава.

– Многу сме горди поради соработката со светски бренд каков што е „Спотифај“. Новиот спонзор ќе ни помогне дополнително да им се приближиме на навивачите и да им овозможиме да се чувствуваат како дел од семејството. Ќе им овозможиме оригинално искуство во комбинација на фудбалот и забавата – изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

По последните пет години, генерален спонзор беше јапанската компанија „Ракутен“ која на Барселона и плаќаше околу 50 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Славниот рокер се фати за лопата: Моето Ферари не може да помине низ овие дупки!

Следно

МВР: Усогласување на минималната плата и покачување за 5 отсто во септември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian