Анчелоти предупредува дека трката за титулата во Ла Лига не е завршена: Загубив во финале на ЛШ иако водев 3:0 на полувреме

1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим се уште не смее да ја слави титулата во Ла Лига иако на 10 кола до крајот на сезоната има 10 бода предност пред второпласираната Севиља.

„Кралевите“  во последните четири кола имаат четири победи, додека Севиља три пати одигра нерешено и сега имаат 66 бода, додека тимот од Андалузија има 56 бода.

– Имаме убава предност и тоа е добро, но мора да продолжиме во ист ритам. Треба да ја победиме Барселона и по репрезентативната пауза да продолжиме во ист ритам – вели Анчелоти.

Иако има „убава предност“ од 10 бода и неговите фудбалери играат во одлична форма, Анчелоти не се согласува со шпанските медиуми дека може да се испушти предноста од 10 бода.

Напротив, Анчелоти ги потсети новинарите на неговото искуство кога седеше на клупата на Милан и во финалето на ЛШ во 2005 година имаше водство од 3:0 во првиот дел против Ливепрул, но на крајот остана без титулата.

– Мислите дека е невозможно да се испушти предност од 10 бода? Јас загубив финале во ЛШ откако на полувреме водев со 3:0. Се надевам дека нема да ми се повтори ова искуство – вели Анчелоти.

Реал Мадрид има шанси сезонава да освои два трофеи, покрај тој во Ла Лига каде се наоѓа во пол позиција, ќе игра  и во четвртфиналето во ЛШ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Биковиќ: Не би рекол дека Путин само се разбудил и решил да убива украински деца

Следно

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian