Зеленски: Путин ќе таргетира и други европски земји, сите сте цел

1 min read

Утринава, во живо, обраќајќи им се на западните лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголема поддршка и предупреди дека Русија би можела да цели и на други делови од Европа.

„Сè уште можеме да ја запреме руската воена машина, сè уште можеме да го сопреме убиството на луѓе“, рече тој додавајќи: полесно ќе го спречиме тоа заедно затоа што, во спротивно, тие ќе дојдат и кај вас.

Зеленски додаде дека ако Европа сега не заземе став, ќе ги таргетира другите европски земји.

„Сите ние сме цели на Русија (…) помогни си со тоа што ни помагаш“, рече тој.

kurir.mk

Претходно

Минатата недела санкционирани се 236 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Следно

Национал: Дронот е украински, бил наменет за руските позиции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian