Вонреден самит на НАТО следниот четврток

1 min read

Брисел, 15 март 2022 (МИА) – Лидерите на НАТО ќе се состанат во Брисел на 24 март за да разговараат за рускатаа инвазија врз Украина. Тоа го објави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг преку Твитер.

„Свикав вонреден самит за 24 март во седиштето на НАТО“, напиша Столтенберг.

Тој додаде дека темите ќе бидат нападот на Русија врз Украина, силната поддршка за таа земја, како и натамошното зајакнување на Алијансата.

kurir.mk

Претходно

Владата донесе низа антикризни мерки

Следно

Пленковиќ го демантира шефот на НАТО и тврди дека дронот бил вооружен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian