ВИДЕО: Јунајтед по четвртфинале во ЛШ, Роналдо знае како против Атлетико Мадрид

1 min read

Денеска после реванш натпреварите од осминафиналната фаза ќе дознаеме уште две екипи кои ќе играат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Ајакс е домаќин на Бенфика (2:2), а Манчестер јунајтед ќе го пречека Атлетико Мадрид (1:1). И двата меча на „Јохан Кројф“, односно „Олд Трафорд“ ќе започнат од 21.00 часот.

Досега пласман во четвртфиналето обезбедија Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Во Манчестер повторно Кристијано Роналдо се очекува да биде во центарот на вниманието, Португалецот блескаше пред три дена со хет-трик во победата над Тотенхем.

Роналдо има одличен учинок против „јорганџиите“, досега забележа дури 25 голови во 35 настапи. И не само тоа, двапати ги победи во финалети и уште двапати ги исфрли од ЛШ.

Воедно ѕвездата на „црвените ѓаволи“ е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 141 гол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Асанж ќе се жени во затвор, ќе носи килт од прочуената британска дизајнерка

Следно

Гиевски: По Рената Дескоска, сите министри се оглушуваат на барањата на наставниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian