ВИДЕО: Срамни сцени на „Олд Трафорд“, навивачите го гаѓаа Симеоне додека трчаше кон тунелот!

1 min read

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако на „Олд Трафорд“ триумфираа над Манчестер јунајтед (0:1).

Откако дуелот во Мадрид беше завршен со реми (1:1), со голот на Ренан Лоди играчите на тренерот Диего Симеоне обезбедија пласман во четвртфиналната фаза.

Ова е уште една тешка ноќ за „црвените ѓаволи“, за навивачи на славниот англиски клуб, а уште една посебна за сите фанови на Атлетико.

Веднаш што главниот судија означи крај на мечот на „Олд Трафорд“, Симеоне трчаше кон соблекувалните, а на тој пат до тунелот налета на непријателска атмосфера од трибините, навивачи со разни шишиња го гаѓаа Аргентинецот.

Погледнете на видео записот како изгледаше сето тоа..

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амбасадорот Фрчковски во ОН заминува без посебни инструкции, ќе се залага за поголема видливост на земјата

Следно

Денес се празнуваат: Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian