ВИДЕО: Јокиќ му покажа на Ембид кој е МВП, Денвер славеше над Филаделфија

1 min read

Никола Јокиќ од аспект на постигнатите поени ја загуби битката против Џоел Ембид, но повторно беше прв стрелец на Денвер кој го предводеше до многу важна победа среде Филаделфија 114:110.

Српскиот центар уште еднаш докажа зошто е повторно сериозен кандидат за признанието МВП (најкорисен играч во НБА лигата), за 34 минути постигна 22 поени, запиша 13 скокови, осум асистенции, по две украдени топки и блокади.

На спротивната страна Камерунецот Џоел Ембид беше најефикасен со 34 поени (осум скокови, четири асистенции), а Џејмс Харден реализираше 24 поени (девет скокови, 11 асистенции).

Нагетси се моментно на шестата позиција во Западната конференција со учинок (41-28), додека Сиксерси се третопласирани на Истокот (41-26).

НБА лига, резултати –

Кливленд – ЛА Клиперс 106:106, 120:111 (по 1. продолжение)

Атланта – Портланд 122:113

Филаделфија – Денвер 110:114

Оклахома – Шарлот 116:134

Сан Антонио – Минесота 139:149

Голден Стејт – Вашингтон 126:112

Сакраменто – Чикаго 112: 103

Јута – Милвоки 111:117

ЛА Лејкерс – Торонто 103:114

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По една година од смртта на Балашевиќ, Оливера си ја отвори душата: Моментите без него се океан на тишина…

Следно

Прекината 66-тата седница поради немање кворум за усвојување на дневниот ред

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian