ВИДЕО: Крај и за Роналдо во ЛШ, Бенфика го слави Нунез

1 min read

Дознавме уште две екипи кои ќе играат во Лигата на шампионите, тие се Бенфика (Португалија) и Атлетико Мадрид (Шпанија).

На стадионот „Олд Трафорд“ составот на Манчестер јунајтед ја имаше фаворитската улога после ремито на првиот меч (1:1).

Сите погледи беа насочени кон португалската ѕвезда Кристијано Роналдо кој на крајот беше поразен со 0:1 и елиминиран од натпреварувањето.

А за тоа се погрижи Лоди во 41 минута кој со глава ја испрати топката во мрежата после асистенцијата на Гризман.

Во четвртфиналната фаза Бенфика и Атлетико Мадрид им се придружија на Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид, а последните две екипи ќе бидат познати в среда со реванш дуелите: Лил – Челси (0:2) и Јувентус – Виљареал (1:1).

Со истиот резултат славеше и Бенфика на гостувањето кај холандскиот Ајакс, стрелец на единствениот погодок беше Нунез во 77 минута, а асистент беше Грималдо. По првите 90 минути немаше победник (2:2).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Шминкер трансформираше бабичка во Ким Кардашијан: Резултатот е неверојатен!

Следно

Амбасадорот Фрчковски во ОН заминува без посебни инструкции, ќе се залага за поголема видливост на земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian