Велика Британија ќе ги укине сите санитарни мерки за патување

1 min read

Владата на Велика Британија најави укинување на сите санитарни мерки за патувања воведени поради пандемијата со ковид-19.

Од 18 март ќе бидат укинати мерките кои вклучуваат обрасци за лоцирање и тестирање на невакцинираните луѓе пред и по влезот во државата. Целта е да се олесни патувањето за време на велигденските празници.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс изјави дека луѓето ќе можат да патуваат „како во старите добри времиња”.

Обрасците за лоцирање се документи во кои се внесува адресата каде ќе престојува лицето како и статусот на вакцинација.

kurir.mk

Претходно

Најстудено во Маврови Анови и Берово, најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево

Следно

Од денеска патувањата во Грција без PLF формулар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian