Tакси-компаниите од Скопје најавија поскапување

1 min read

Преставниците на такси-компаниите од Скопје велат дека засега цената на нивните услуги е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција, за услугите да не поскапат, објави Алсат.

-Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти, вели Сашо Рајчановски од Скопје Такси Груп.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје велат дека цените на билетите нема да се менуваат.

„Цената на билетите ќе остане иста, сметаме дека со оваа мерка НКП Скопје ќе им помогне на граѓаните за време на економската криза во која се наоѓаме“, изјави портпаролката на ЈСП, Деспина Трајковска Димова. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ристевска-Јорданова: ЕУ има за цел да се закотви Западниот Балкан во Европа иако ни тие немаат поим како

Следно

ЕУ усвои нов пакет санкции против Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian