Стефковски и Христовски на терен: Се решава сообраќајниот хаос во Автокоманда

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, заедно со директорот на ЈП Градски Паркинг Бојан Христовски, денес беа на увид низ Урбаната заедница Автокоманда со цел решавање на сообраќајниот хаос и изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување.

За увидот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Започнува постапка за решавање на сообраќајниот хаос во Автокоманда.

-Заедно со директорот Христовски направивме увид низ урбаната заедница Автокоманда со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и конечно решавање на сообраќајниот хаос. Заклучивме дека е потребно итно изнаоѓање на решение, за што во најкраток рок службите од општина Гази Баба заедно со стручни лица од јавното претпријатие ќе оддржат состанок на кој ќе излезат со предлог сообраќајно решение, порача Стефковски. 

-Истовремено, општина Гази Баба во соработка со Урбаната заедница Автокоманда ќе спроведе анкетирање на граѓаните на Автокоманда со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое ќе воведе ред за сообраќајот во мирување. Ова е едно од клучните барања на жителите на Автокоманда и за истото во следниот период ќе се спроведе соодветно сообраќајно решение. – напиша Стефковски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Министерот Сали ја посети ГОБ „8 Септември“ каде е обезбедена нова опрема за пост ковид третман

Следно

„Демокрација“: Посетата на тројцата европски лидери на Киев е ризичен и многу храбар потег

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian