Собранието без кворум за гласање, пратениците само разгледаа неколку закони

1 min read

Пратениците попладнево ги одржаа 51-та и 54-та седница. Во рамки на 54-та седница без расправа беа разгледани неколку закони меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и законите за матичен број, за државјанство, за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните…

Поради тоа што немаше доволен број пратеници, овие законски решенија дополнително ќе бидат изгласани во оној момент кога ќе се создадат услови за тоа.

На дневен ред на 51-та седница беа неколку автентични толкувања за кои повторно пратениците дополнително ќе се произнесат. Заврши расправата и за Предлог-законот за заштита на физички лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, во прво читање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека од дневен ред е повлечен Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, двата во прво читање.

Пратениците денеска ја почнаа и 66-та седница, чиј дневен ред не беше усвоен поради немање кворум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија стравува за безбедноста на своите џудисти, ги повлече од натпревари

Следно

Извлечено тело од водите на Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian