Скандалозните сопружници Ване Цветанов и Дунавка останаа без државна работа!?

1 min read

Владата на денешната седница го разреши Ване Цветанов од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, објави Локално.

Причината за разрешувањето е тоа што ја ангажирал сопругата, екс мисицата Дунавка Трифуновска да му помага во работата.

Пред неколку дена Цветанов потврди дека сопругата Дунавка му помага во работата во Советот, но додаде дека тоа е волонтерски и за тоа не добивала ниту денар.

Цветанов исто така потврди дека сопругата го придружувала и на неговите службени патувања.

Од Владата се уште нема потврда на оваа информација.

Ване Цветанов е поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, кој во јули 2019 година беше назначен за нов претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Цветанов  претходно беше еден од обвинетите за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“ и во октомври 2014 е осуден на 3 години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Инаку брачната двојка е позната по тоа што често преку социјалните мрежи споделуваа моменти од својот приватен живот, па дури и своите кавги и несогласувања.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во украинскиот град на духови, една мала цвеќарница ги отвора вратите секој ден: Трошка надеж!

Следно

ЕУ воведе санкции за Роман Абрамович

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian