Се врши реконструкција на атмосферската канализација на улица Кораб, во Општина Карпош

1 min read

Денеска, Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, заедно со Градоначалникот на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски извршија увид на работните активности за реконструкција на атмосферската канализација на ул. Кораб, во Општина Карпош.

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е 13.909.711 денари. Реконструкцијата се реализира со употреба на цевки со дијаметар од 1000, 800 и 300мм, со вкупна должина од 372 метри.

Целта на проектот е реконструкција на атмосферската канализација, на улица Кораб и пренасочување по дел од ул. Јуриј Гагарин, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем, со кој граѓаните од овој дел на Скопје се соочуваат, особено за време на пообилни врнежи, информираа надлежните. 

Ова е дел од инвестициската програма на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која се прави ревитализација на атмосферската канализација и дел од заложбите за подобрување на условите за живот на скопјани, порачаа тие. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Гиевски: По Рената Дескоска, сите министри се оглушуваат на барањата на наставниците

Следно

САД воведе санкции уште против 11 високи функционери на руското Министерство за одбрана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian