Русија стравува за безбедноста на своите џудисти, ги повлече од натпревари

2 mins read

Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) ги откажа своите натпревари во Русија, но, за разлика од повеќето други светски раководни тела, не ги исфрли целосно руските спортисти

Русија своеволно ги повлече своите џудисти од меѓународните натпревари, иако им е дозволено да се натпреваруваат под неутрално знаме, бидејќи стравува за нивната безбедност, објавува интерент страницата „инсајддгејмс“. Руската џудо федерација (ФДР), исто така, објави дека по инвазијата врз Украина ќе биде тешко за нејзините спортисти да добијат влез во неколку земји.

Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) ги откажа своите натпревари во Русија, но, за разлика од повеќето други светски раководни тела, не ги исфрли целосно руските спортисти по инвазијата на Украина. Ситуацијата, сепак, се влоши до тој степен што за Русите е речиси невозможно да патуваат надвор од земјата.

– Во сегашните услови, пристапот на националниот тим до повеќето земји каде што се одржуваат меѓународни натпревари е значително тежок. Покрај тоа, Руската џудо федерација има причина да стравува за безбедноста на руските спортисти – објави ФДР во пораката на својата веб-страница.

Џудистите од Белорусија исто така нема да учествува на меѓународни натпревари. Меѓу настаните што руските и белоруските натпреварувачи би можеле да ги пропуштат, освен ако политиката не се промени, се Европското првенство, кое треба да се одржи во Софија помеѓу 28 април и 1 мај, Светското првенство, планирано да се одржи во Ташкент од 6 октомври.

Меѓу санкциите што ги примени ИЏФ по инвазијата на Украина беше и одземањето на улогата на почесен претседател на организацијата на рускиот претседател Владимир Путин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Омилен рецепт со шунка и кромид: Прочуената германска пица

Следно

Собранието без кворум за гласање, пратениците само разгледаа неколку закони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian