Радев во работна посета на Романија

1 min read

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе престојува во работна посета на Букурешт, каде ќе оствари средба со неговиот романски колега Клаус Јоханис, соопшти прес-центарот на Претседателството.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во фокусот на разговорите во Букурешт ќе биде променетата безбедносна средина во регионот на Југоисточна Европа, како и ризиците кои произлегуваат за Бугарија и Романија.

Во рамки на посетата, Радев ќе се сретне и со бугарските офицери од штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток”, која се наоѓа во Романија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Противничка на војната во Украина упадна во рускиот дневник (ВИДЕО)

Следно

Најстудено во Маврови Анови и Берово, најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian